Нов клинички центар "никнува" во Скопје

 

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска ќе го означи почетокот на градежните активности за изградба на новиот клинички центар во Скопје.

Се работи за објект кој ќе никне на местото на старата зграда на Универзитетска клиника за гинекологија, каде што во тек е нејзиното уривање кое е предвидено да трае три месеци. Објектот од едната страна ќе се спојува со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна ќе се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна со Клиниката за онкологија, а ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести.

Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра обезбедени од Банката на Советот на Европа.

Изградбата на новиот клинички центар се очекува да трае три години. 

02.01.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега