Загина командантот на „Шкорпионите“ во сообраќајка заедно со семејството
Во судир на два автомобили кој се случил вчера на локалниот пат Сремска Митровица - Велики Радинци во Србија загинаа три лица, додека едно лице е тешко повредено, пишува српски Блиц.
Според првичните информации кои ги пренесуваат српските медиуми, загинал командантот на поранешната паравоена едiница „Шкорпиони“, Слободан Медиќ (47), неговата сопруга Љ.М. (45) и синот Д.М. (17).
-Затекнавме страшна глетка: две безживотни тела лежеа во смачканата “тојота“, додека телото нa жената беше излезено од автомобилот. Моравме да го сечеме автомобилот за да ги извлечеме телата, вели за „Блиц“ Стеван Пејиќ, началник на Одделението за вонредни ситуации во Сремскиот округ.
Несреќата во која загинал Медиќ со семејството се случила вчера околу 17 часот, кога возило мaрка “рено“ со белградски регистерски таблички, удрило во “тојотата“ со новосадска регистрација.
На семејството Медиќ, кое се наоѓало во “тојотата“ со својот автомобил “рено“ налетал Дејан К. (28) од Велики Радинци, кој во моментот на несреќата имал 1,9 промили алкохол во крвта. Тој ја изгубил контролата над возилото, преминал во левата лента и се судрил со “тојотата“, која поради силниот удар се превртила на кров и завршила во канал.
Дејан К. претрпел лесни телесни повреди, а полицијата му одредила притвор од 48 часа, поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа