Грција од денеска по петти пат го презема претседавањето со ЕУ

 

Грција од денеска го презема шестмесечното претседавање со ЕУ .

Грците ветуваат дека нивното претседавање ќе биде „спартанско“, иако се свесни дека многумина во Унијата ги гледаат како нација која поради задолженост и корупција ги повлекла останатите во економска и финансиска криза, пренесува Танјуг.

Атина за трошоците од своето раководење одреди рекордно низок буџет од само 50 милиони евра, што е 10 милиони помалку од Ирска, која и го предаде претседавањето.

Пред извесно време грчкиот премиер Антонис Самарас го смени шефот на протоколот за претседавањето, веднаш откако откри дека тој планирал да потроши дури 125.000 евра за свилени вратоврски и марами, кои како подарок сакал да им ги даде на европските функционери и дипломати за време на инаугурацијата.

За време на грчкото претседавање не се очекуваат значајни пресврти во внатрешната и надворешната политика на ЕУ, а поголем дел од мандатот ќе помине во знак на изборите за Европскиот парламент, кои треба да се одржат во април следната година.

За разлика од сите останати претседавачи во последните неколку години, Грците не го ставиле проширувањето на Унијата во својата програма на приоритети.

Неофицијално, грчките дипломати ова изоставување на проширувањето го објаснуваат со долгогодишните спорови кои таа земја ги има со Македонија, за името, и со Турција, за Кипар.

Според изјавата на еден Грчки функционир за Танјуг , доколку проширувањето биде ставено на листата на приоритети, тоа имплицитно ќе ја обврзе Грција да ја прекине блокадата на преговорите за членство со Македонија и Турција, а засега не се подготвени за таков чекор, во изјавата функционерот вели дека поддршката за Србија никогаш не била ставена под знак прашалник.

 

01.01.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега