Падна крв на Бит пазар - бесна група ја нападна полицијата
Полицијата вчера попладне била спречена да изврши контрола на нелегалната продажба на петарди на Бит пазар. Според информациите од полицијата, во хаосот кој настанал бил повреден еден полициски службеник.
Поголема група на луѓе вчера околу 14 часот ја спречила полицијата да изврши контрола на скопски Бит пазар. Со цел да ги предупреди полициските службеници пукале во воздух. Групата подоцна се разотишла.
Полицијата перидов врши секојдневни контроли со цел спречување на нелегалната продажба петарди. Само во текот на последниов месец, полицијата заплени околу 200.000 парчиња.
30.12.2013 - 08:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа