Паника во Подгорица: Фрлена бомба во канцеларијата на весникот „Вијести“ (ВИДЕО)
Бомба експлодираше во канцеларијата на главниот уредник на редакцијата на дневниот весник Вијести во Подгорица. Како што соопштува полицијата непознато лице синоќа половина час пред полноќ фрлило експлозивна направа.
Во момент на експлозијата уредникот Михајло Јововиќ се наоѓал во канцеларијата, но не е повреден. Во редакцијата имало 15-на луѓе кои за среќа не се повредени.
Од експлозијата уништени биле подрумските простории и искршени се стаклата на прозорците во неколку канцеларии.
Порталот на весникот наведува дека безбедносната камера снимила маж во црна јакна како ја поставува експлозивната направа.
Погледнете...
ВИДЕО: Дејлипрессвести
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа