Лазаров: Кои се сега аргументите на Жерновски?

 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска го поддржа носењето на Буџетот на општина Центар. Со ова покажуваме дека наша првенствена цел е јавниот интерес и нормалното функционирање на општината Центар поради доброто на граѓаните, изјави координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општината, Томислав Лазаров.

Со ова, посочи тој, практично покажуваме дека нашата цел не е блокирање, политички инает и блокада на градоначалникот на општината, туку напротив реализација на проекти и излегување во пресрет на потребите на граѓаните.

- Со ова се одземаат сите аргументи и оправдувања на градоначалникот Жерновски и очекуваме непречена работа и конечно реализација на зацртаното и она што е ветено на граѓаните. Наспроти инаетот и пазарењето кое го прави СДСМ, на  секој можен начин и со секој чекор, ние покажуваме транспарентност и со дело покажуваме конструктивност која единствено е во функција на нормалното функционкрање на општината, додаде Лазаров

26.12.2013 - 17:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега