Мицевски: За ДУИ сега Уставниот суд е параполитички орган

 

Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот и член на ИК од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој се осврна на актуелната тема за седницата на Уставниот суд која беше одржана денес за иницијативите за Законот за јазици. Мицевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ по основ на овој закон поднело 35 илјади амандмани, но тие не биле разгледувани, ниту била поведена било каква постапка.

-Ќе потенцирам неколку работи од тоа што го спомна јас можам да почнам од генезата на овој проблем кој што го наметнува ДУИ, а кој што е присутен на политичката сцена, кој за жал еден одреден временски период беше оставен на страна токму од тој параполитички орган како што го нарекува ДУИ, Уставниот суд, меѓутоа тоа е нивно право, затоа што ВМРО-ДПМНЕ по основ на овој закон имаше поднесено 35 илјади амандмани кои што беа фрлени во ѓубре, не беа разгледани ниту беше поведена било каква постапка согласно деловникот и Уставот за работа, рече Мицевски.

Мицевски исто така нагласи дека за време на владеењето на ДУИ, како пратеник бил сведок за тоа како Законот за јазици од непознати причини се појавило на Комисијата за европски прашања која била предводена од Артан Груби и чие времетраење било ограничено и дека целиот тој процес односно комисија наликувала на лакрдија.

-Второ Законот за јазици е закон кој што требаше да се најде на секоја комисија во парламентот, политички систем, уставна, финансиска затоа што опфаќа дел и од финансиски средства меѓутоа заврши некако чудно на Комисија за европски прашања која што ја води Артан Груби на која што е ограничено односно лимитирано времето за траење на истата таа седница, јас во тој период бев пратеник и сум учесник во сите тие настани и можам слободно да кажам дека целиот процес односно целата комисија наликуваше на едно лакрдија само и само заради притисокот односно желбата ДУИ овој закон да го донесе на начин на кој што го донесе, објасни Мицевски.

Тој нагласи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ направиле средба со Венецијанската комисија на која што биле укажани проблемите со кои се соочуваат сега, и нагласи дека во тој период Бујар Османи и Артан Груби нагласиле дека ќе ги вградат забелешките од Венецијанската комисија на ова законско решение но забелешките ниту се разгледале ниту дошле до дневен ред.

-Ние во тој период дискутиравме комисиски, дискутиравме на пленарна седница побаравме средба со Венецијанската комисија, Венецијанската комисија направи средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на која што укажавме на проблемите со кои што ќе се соочиме со законот, со дел од законот со она што беше предлагано во него и тоа и се случи само и само за да помине ова законско решение. Бујар Османи не убедуваше дека исто така и Артан Груби дека забелешките на Венецијанската комисија ќе бидат вградени во ова законско решение, за жал целта беше само да се смири притисокот кој што го имаа во тој период, никогаш ниту се разгледа тоа ниту се дојде до дневен ред дополнително оспоруван од сите, указот начинот на кој што беше потпишан овој закон затоа што е надвор од уставната одредба и можности и сите тие 13 подносители на иницијативи се повикуваат на различен дел од законот меѓутоа на крајот на денот сите тие 13 подносители на иницијативи меѓу кои што е и ВМРО-ДПМНЕ имаат основа за барање на поведување на постапка за оценување на уставноста на ова законско решение, рече Мицевски.

Мицевски заклучи дека сите актуелни 9 уставни судии се избрани во време на владеењето на ДУИ и СДС.

11.12.2024 - 20:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега