Кирков: На град Скопје сега му се заканува целосна блокада, Арсовска не поднесе предлог буџет за 2025 година

 


Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска. Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада, изјави Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје.

Се случи тоа кое го предвидувавме со месеци наназад и апелиравме неколку пати. Стравувавме дека сценариото за целосна блокада на Град Скопје може да стане реалност. Сега тоа и се случува. Кумата на хаосот во Скопје, при крај на нејзиниот мандат поддржана од коалицијата ЛЕВИЦА – СДС – ДУИ продолжува со црните сценарија за град Скопје. Во историјата на град Скопје до денес се нема случено да биде доведено во прашање функционирањето на градот во целина, додаде во изјавата Кирков.

Без буџет за следната година град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија, установите во Град Скопје. Или ќе биде блокирана ионака нефункционалната Комунална хигиена, ЈСП, нема да функционираат претпријатијата како Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Градски паркинг, депонијата Дрисла, Лајка. Тука е и Градската библиотека Браќа Миладиновци, МКЦ, Културно информативниот центар, Музеј на Град Скопје, Зоолошка градина, Детски културен центар и останати, нотираше советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје.

Со еден збор град Скопје ќе доживее целосен мрак. За работите да станат појасни, вчера измина последниот ден за доставување на предлог буџет до Совет и до Град Скопје. Ова е рокот предвиден за работа на Градот и Советот, а објавен како документ во службено градско гласило. Данела Арсовска не поднесе буџет и со истото го остава Скопје, сите јавни претпријатија, установи и повеќе од милион жители да бидат нејзин заложник, изјави Стефан Кирков.

-Како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ги повикуваме сите државни институции, Владата, веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем! Скопје не смее да биде заложник на Данела Арсовска подржана од СДС-Левица-ДУИ! За ваков преседан кој го води Скопје кон целосен мрак, Данела Арсовска мора да одговара!, рече Стефан Кирков.

11.12.2024 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега