Снегот ги затвори патиштата за камиони на два патни правци
АМСМ извести дека од 5:45 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, додека од 5.00 часот исто таква забрана има и на патот Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри утрово имаше на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа