ЛДП го осуди сквернавењето на македонското знаме: Ова е напад врз сите нас

 


Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин на сквернавење на македонското знаме, симболот на нашиот државен суверенитет.

„Таквите дејства не само што се навреда кон државата, туку и директно ги поткопуваат основните вредности на соживотот, почитта и граѓанската одговорност. Македонското знаме е симбол на единството и гордоста на сите граѓани, без разлика на нивните политички, етнички или верски убедувања.

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна истрага и да ги санкционираат одговорните за овој непромислен и деструктивен чин. Истовремено, апелираме до сите граѓани да покажат зрелост и почит кон државните симболи, кои се заедничко наследство на сите нас.

Сметаме дека еднаш засекогаш треба да излеземе од етничките трла и да бидеме доследни на зачувување на демократските вредности и интегритетот на државата. Да зборуваме за проекти, реформи и подобар стандард за граѓаните, а не за национализам и враќање во минатото.

ЛДП, како и досега, останува доследна во својата посветеност на зачувување на демократските вредности и интегритетот на државата“, стои во соопштението на ЛДП.

29.11.2024 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега