На Милан му се заканува затвор поради Северина
Адвокатот на Милан Поповиќ објаснува зошто српскиот бизнисмен е загрозен секогаш кога ќе оди да го види својот син Александар во Хрватска.
“Непромисленото поднесување на пријави од страна на пејачката Северина Вучковиќ е опасна игра бидејќи господинот Поповиќ во Хрватска е странец кој поради казнените постапки може да има многу поголеми непријатности отколку хрватските државјани. Тоа значи дека постои можност господинот Поповиќ при влез во Хрватска да биде уапсен“, се зборовите на адвокатот.
Процедурата на приведување подразбира лисици на раце. Кога против некој поднесуваш кривична пријава, јасна е целта дека таа особа треба да биде казнета и самото тоа јасно зборува за намерите на госпоѓа Вучковиќ, дополнува адвокатот на српскиот бизнисмен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа