Уапсениот Македонец во солзи: Каде ми е синот - на снаата и ја отсекоа ногата

 

Државјанин на Македонија чиј идентитет полицијатаво Србија се уште не го соопштува е уапсен под обвинение за верижниот судир викендов на патот Белград - Загреб во кој загинаа 2 лица а десетина беа повредени.
Македонецот за локалните медиуми сведочи за хоророт низ кој поминал.

„Се ме боли. Каде мие сопругата? Каде ми е синот? На снаата и ја отсекоа ногата. Одевме од Италија за Македонија на годишен одмор. Мојот син возеше, сопругата седеше покрај него, а позади мојот втор син, снаата и јас. Од назад на нас удри некој џип, со швајцарски регистарски таблички, вели тој за Вечерње новости“ - вели тој.

Пред српските власти Македонецот ќе треба да одговара кривично за загрозување на безбедноста. Меѓу повредените според последните информации има и државјанка на Македонија која со повреди на колковите е задржана на лекување во Белград.

 

- Ништо не се гледаше. Возев полека кога пред мене чув силен удар и вресоци. Потоа одеднаш видов автомобил пред мене, се обидов да закочам, но тогаш во мојот автомобил удри друг автомобил и ме исфрли напред – вел иза српските медиуми макеоднскиот државјанин 

24.12.2013 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега