12 часа чекал во грмушките: Осомничениот за атентатот врз Трамп бил добро подготвен

 


Вооружен напаѓач се криел во грмушки речиси 12 часа пред да биде фатен додека целел на Доналд Трамп во голф клуб во Флорида. Тоа беше втор неуспешен обид за атентат врз поранешниот претседател на САД за два месеци.

Беше топло и облачно неделно попладне кога Трамп и неговиот добар пријател, дивелоперот Стив Виткоф, пристигнаа на патеката во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич.

Додека Трамп играл, еден од неговите чувари забележал пушка како излегува од грмушките во близина на шестата дупка. Трамп, кој беше евакуиран неповреден, вчера вечерта изјави дека слушнал „најверојатно четири или пет“ истрели кои одекнале во непосредна близина.

Агент на тајната служба отворил оган во правец на осомничениот, кој бил на околу 300-500 метри оддалеченост и немал јасна гледна точка на Трамп, соопштија федералните истражители.

„Тајната служба веднаш знаеше дека станува збор за куршуми и ме зграпчија“, рече Трамп за време на настанот, кој го пренесуваше во живо на Икс, порано Твитер, од неговото одморалиште Мар-а-Лаго.

Напаѓачот, за кој инспекторите велат дека не испукал ниту еден истрел, бил скриен од грмушки и високи палми кои се наоѓаат по патеката со 27 дупки, пишува Би-би-си. Тој демнеше таму од 01:59 часот по локално време во неделата наутро.

Тој бил опремен со две дигитални фотоапарати, црна најлонска кеса со храна, калашников и објектив.

Жителите велат дека Трамп ја поминува речиси секоја недела во голф клубот Вест Палм Бич кога не е на кампањата. Но, директорот на Тајната служба Роналд Роу рече дека поранешниот претседател „всушност не требало да оди таму“, па агентите морале да состават безбедносен план во последен момент.

17.09.2024 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега