Општина Центар со нови решенија за легализација на дивоградби
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска додели нови 50 решенија за легализација на дивоградби.
- Откако е дојдено новото општинско раководство, од мај до декември годинава 612 жители на Центар, кои со години имаа проблеми со легализацијата, добија решенија, изјави Жерновски. Додаде дека општината работи посветено и е сервис на граѓаните.
Жерновски истакна дека граѓаните можат да дојдат во општината, да ги изложат своите проблеми и да дадат идеи и предлози за подобро работење.
23.12.2013 - 13:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа