Почина момчето од Босна кое сакаше да го запознае Ибрахимовиќ
Осум годишниот Хајдурин од Босна ја загуби шест годишната борба со леукемијата и почина денеска.
"Да ви соопштам драги мои, дека нашиот Хајрудин не повеќе меѓу живите. Засекогаш ќе бидеш со нас", напишала на Фејсбук сестрата на Хајрудин.
Неговата приказна се прошири низ медиумите откако момчето посака да се запознае со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ не успеа да му ја исполни желбата и само му испрати видео со извинување и дрес потпишан од него.
Хајдурин сепак се дружеше со со фудбалерите на репрезентацијата на БиХ кои го посетија во болницата.
23.12.2013 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа