„Александар Велики“ се уште покриен со густа магла

 

Густата магла и натаму го попречува авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Откажани се сите полетувања, а  дел од предвидените слетувања се пренасочени на аеродромот во Охрид.

Поради маглата намалена е видливоста до 50 метри на патниците правци Петровец-Катланово-Скопје и Градско-Демир Капија.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката  се одвива тековно, по суви коловози. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни.  Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

23.12.2013 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега