Mаж се замозапали среде Атина
Странец, за кој се претпоставува дека е имигрант по потекло од Иран, утрово се самозапали во центарот на Атина, по што набрзо им подлегна на здобиените повреди.
Според информациите на ИТАР-ТАСС, мажот се полеал со бензин и се замозапалил. Случајни минувачи успеале да го изгаснат огнот, по што мажот со серизни изгореници по целото тело бил пренесен в болница, каде им подлегнал на повредите.
На местото на инцидентот е пронајден паричник со документи за лична идентификација на 28-годишен ирански државјанин. Полицијатапретпоставува дека документите му припаѓаат на самоубиецот.
Сеуште не се познати причините за ваквиот чин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа