Белград ќе банкротира?
Белград се соочува со опасност од банкрот, како последица на тоа што „дупката“ во градскиот буџет со години била пополнувана со нови задожувања, тврди претседателот на белградскиот Привремен градски совет, Синиша Мали.
- Била применувана филозофијата: не е важно колкави се приходите, бидејќи колкави и да се трошоците, ќе ги покриеме со земање кредити, нагласува Мали во разговор за денешна белградска „Политика“.
Toj вели дека во 2013 година во градскиата каса бил собран приход од 64 милијарди динари (558 милиони евра), што е за 13 милијарди (113 милиони евра) помалку од планираното на почетокот на годината.
- Доколку не биде запрена ваквата негатива спирала, Белград би можел да се најде во состојба повеќе никој да не сака да му позајмува пари или ќе биде толку задолжен што повеќе нема да може да ги плаќа ратите на кредитие, смета Мали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа