Три лица загинаа, пет се повредени: Крвав обид за решавање на конфликт во Турција
Вечерва имало пукање во кафе-слаткарница во Истанбул, има мртви и ранети.
Според турските медиуми, загинале три лица, а петмина се повредени.
Како што беше најавено, две ривалски екипи се сретнале во кафуле, за да се обидат да ги закопаат секирите и да го смират конфликтот меѓу нив, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.
Престрелката се случила во Истанбул во областа Ускудар.
„Дискусијата меѓу две групи во барот на улицата Ајазма околу 20 часот прерасна во вооружена пресметка. Три лица загинаа, а двајца од петте ранети се тешко повредени“, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа