Посебни лични односи: Путин му го подари овој луксузен руски ѕвер на Ким Џонг- ун

 

Двете земји воспоставија поблиски врски откако Ким и Путин се сретнаа во септември и ветија дека ќе промовираат размена во сите области додека нивната меѓународна изолација се продлабочува поради руската војна во Украина и развојот на нуклеарно оружје на Северна Кореја, анализираат медиумите.

Автомобилот од руско производство беше предаден на соработниците на Ким на 18 февруари, објави официјалната севернокорејска новинска агенција „KCNA“.

Сестрата на Ким „љубезно ѝ ја пренесе на руската страна благодарноста на Ким Џонг-ун до Путин, велејќи дека подарокот служи како јасна демонстрација на посебните лични односи на највисоките лидери“, објави „КЦНА“.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека внимателно ја следи соработката меѓу Русија и Северна Кореја, а истовремено ги повика двете земји да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

„Санкциите на Советот за безбедност забрануваат директно или индиректно снабдување, продажба или пренос во Северна Кореја на сите транспортни возила меѓународно категоризирани како HS код 86 до 89, без оглед на нивното потекло, вклучувајќи ги и луксузните автомобили“, изјави портпаролот на министерството, Лим Со-сук на прес-конференција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руската државна новинска агенција РИА изјави дека корејскиот лидер добил автомобил „Аурус“.

Според веб-страницата на производителот на автомобили, автомобилот е првиот голем луксузен седан во Русија.

Тоа е и претседателскиот автомобил на Путин. Во основна верзија чини над 300.000 долари а се претпоставува дека овој што му е подарен на севернокрејскиот лидер чини многу повеќе. 

Според последните информации, Ким е страствен ентузијаст за автомобили и има голема колекција на луксузни странски возила, за кои се верува дека биле шверцувани.

Се верува дека Северна Кореја ја снабдува Русија со артилерија, ракети и балистички ракети за војната против Украина.

Кремљ ниту демантираше, ниту потврди дека користи оружје од севернокорејско производство. Северна Кореја ги отфрла обвинувањата за испорака на оружје за Русија, што исто така би било кршење на санкциите на ОН

20.02.2024 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега