Полицијата до граѓаните: Не ги оставајте вредни предмети во автомобилот

Во рамките на континуираните активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа денес министерот Панче Тошковски беше дел од реализирана превентивна активност од областа на имотните деликти, во насока на зголемување на нивото на самозаштита и поголема безбедносна култура кај граѓаните во делот на тешки кражби од моторни возила.

Заедно со началникот на СВР Скопје и полициските службеници од Одделението за превенција, Тошковски на паркинг просторот на излетничко-туристичкиот центар „Водно“ оствари средби со граѓани посетители на кои им беа поделени флаери со едукативна содржина „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ и им беше укажано на лично превентивно однесување со цел подигнување на свеста во насока како да се самозаштитат за да не станат жртви на ваков вид кривични дела, односно кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети во истите.

18.02.2024 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега