Ѓоко Танески: Нема пострашно нешто од жена што сама пие во кафана
Во новата емисија на „Нешто конкретно“ ни гостуваа девојките од групата „Фрајле“, а друштво им правеше нашиот Ѓоко Таневски. Темата на разговор беше за успесите во животот, односно што треба да се сторите за да ви тргне во животот? Нашите гости очигледно добро ја знаат вистинската формула судејќи според нивните кариери.
Ѓоко Таневски не би направил компромис за кариерата кога би ја ставил на вага со бракот, децата, или пак пријателите, а не би се одрекол ни од родителите кога тоа би било потребно за успешен брак. Човекот што го изгубил својот татко на 21 година и кој уште од таа возраст е заедно со својата сопруга, за неа ќе каже дека никогаш не му направила проблем во однос на неговата кариера, за одлучи не прашувал никого и терал по свое па задоволен е од тоа што го постигнал. Ѓоко Таневски не се плаши сам да ги носи своите одлуки, но затоа од пијани жени во кафана и те како му е страв - „Нема ништо пострашно од жена што сама пие во кафана“, рече тој.
Невена од „Фрајле“ смета дека сите фактори се важни кога се работи за создавање на кариера, важни се мислењата на домашните, пријателите и соработниците, но секако вистинската одлука човек треба да ја донесе сам: „Не е дека не слушаме баш никого, но треба да се биде свој и да се знае сопствениот пат, не мора да значи дека сите треба да чекориме по иста патека“ заклучи таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа