Албанија ќе ги зголемува платите на полицајците
Владата во Албанија ќе ги зголеми платите на полицајцитеод 20 до 25 отсто, јави дописникот на МИА.
- Вработените во полицијата добиваат најниска плата во споредба со нивните колеги во соседните земји, а да не зборуваме за земјите од ЕУ, зашто сме многу далеку, изјави министерот за внатрешни работи Саимир Тахири, најавујаќи го зголемувањето на платите.
Министерот за внатрешни работи ја обвини претходната Влада дека ги оставила Министерството за внатрешни работи и полиција во незавидна соостојба.
- Буџетот за полицијата и Министертвото за внатрешни работи за 2014 година е најголем во историјата на земјата. Претходната Влада им остави во наследство на Албанците уништена институција од финасиски, инфраструктурен и буџетски аспект, институција уништена од аспект на капацитет да се бори против организиранот криминал и корупцијата, за да гарантира еднаквост пред законот за сите граѓани и да го урне ѕидот на имунитети и недопирливост. Наследивме морално уништени вработени на кои ќе им го вратиме нивното и достоинството на професијата, изјави Тахири.
Според него, Министерството прави фундаментален и солиден чекор за формирање полиција според европски модел. Претходната влада, како што потврдува Тахири на МВР му оставила долгови во износ од 26 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа