Видео: Најбрзата баба на светот вози ламборџини на 83 години

 

Соња М. Хајнигер има 83 години и е пензионерка. Но, одморот и уживањето го замени со автомобилски трки во Италија.

Хајнигер има компанија за интернет услуги во Швајцарија. Таа е горда сопственичка на светло зелен модел на  Porsche 911 GT3 RS, а истиот неодомна го возеше во Имола и Монца.

Неодамна, на Reddit беше споделено видео од Lamborghini Gallardo Super Trofeo Stradale како вози во Монца, снимено на почетокот на 2022 година.

Веројатно повеќето од преостанатите модели на Gallardo STS „одмараат“ во гаражи, но не и оваа – Хајнигер реши да го „гази“ автомобилот до крај, тестирајќи до каде може да стигне 5,2-литарскиот V10 мотор.

29.01.2024 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега