Бебенце умре откако прими вакцина
Почина шестмесечно бебенце во Сараево откако прими вакцина дитепер IPV и HIB. По оваа трагедија Заводот за јавно здравство во Сараево, издаде налог за привремена забрана за користење на оваа вакцина.
Полицијата води истрага за смртта на шестмесечното бебе, кое вчера починало по примањето на вакцината дитепер IPV и HIB, јави Федералната ТВ.
Телото на бебето било веднаш предадено на обдукција но не сепак не добиле прецизен одговор.
Од Здравствениот дом соопштија дека овие вакцини се даваат под пропишани услови.
17.12.2013 - 12:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа