Судот во Тирана му го продолжи куќниот притвор на Сали Бериша
Специјалниот апелациски суд во Тирана денеска ја потврди одлуката за продолжување на куќниот притвор на поранешниот премиер, Сали Бериша.
Одлуката ја донела судијката Иљирјана Олдаши со која притворот е продолжен од 30 декември.
По одлуката на Апелација, адвокатот на поранешниот премиер Генц Ѓокутај изјави дека одбраната ќе се жали до Врховниот суд, објави „Албаниан дејли њуз“.
Поранешниот премиер Сали Бериша (79) е најстариот опозициски функционер во изминатите три децении кој се соочи со обвиненија за корупција и организиран криминал од страна на Специјалниот суд.
„Бериша е под истрага за наводната корупција што ја направил со неговиот зет Џамарбер Малтези, кој е обвинет дека на незаконски начин примил 5,4 милиони евра од градежна фирма, благодарение на неговиот свекор“, велат од Специјалниот Апелационен суд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа