Салвета: Морам напорно да работам за да ја прехранам ќерката

 

Познатата Салвета од Курсаџии која на 52-годишна возраст стана мајка, си ја отвара душата и вели дека мора напорно да работи за да си го прехрани своето детенце.

Салвета за српскиот Курир изјавува дека својата ќеркичка Дарија ја смета за божји дар, но нема да може многу време да поминува со неа бидејќи мора да работи за да ја издржува.

- Уживам кога сум сомоето детенце. Дарија е прекрасно и мирно дете. Сакам само додека не наполни еден месец да уживам во мајчинството. Потоа ќе морам многу да работам бидејќи како самохрана мајка ми требаат пари за да ја издржувам. Сето тоа ми е тешко сакам да бидам до детето повеќе време, но морам да работам, вели познатата Салвета.

 

17.12.2013 - 11:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега