Уапсен мажот што ја демнел и вознемирувал Тејлор Свифт

 

Маж е уапсен и обвинет дека ја вознемирувал и демнел американската музичарка Тејлор Свифт во близина на нејзиниот дом во Њујорк, пишува Би-би-си.

Дејвид Кроу (33) од Сиетл е уапсен синоќа по поплаки за „емоционално вознемирен човек, кој се однесува чудно“.

Тој беше обвинет по две точки од обвинението за малтретирање и следење, соопшти њујоршката полиција.

Инцидентот се случил неколку дена откако домот на американската ѕвезда бил цел на обид за кражба.

Свифт во тој момент не била дома, била во Бафало на фудбалски натпревар, каде што го бодрела својот партнер, играчот на Канзас Сити, Тревис Келче.

Полицијата не потврди дали осомничениот за кражба е поврзан со случајот со малтретирање и следење.

Ова не е прв случај на малтретирање на американската кантавторка. Во 2022 година еден маж беше уапсен затоа што возел пијан и се обидел да упадне во нејзиниот стан.

Познат е и случајот со Роџер Алварадо, кој упаднал во нејзиниот стан, а полицијата подоцна го пронашла како спие во нејзиниот кревет. Тој е осуден на шест месеци затвор.

23.01.2024 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега