„Хрват и Муслиманка“ - ќе се изложи сликата на која Хрвати силуваат муслиманка

 

Сликата „ Хрват и Муслиманка“ на шкотскиот сликар Питер Хаусон, која припаѓа на музичарот Дејвид Боуви,а на која е прикажано како двајца Хрвати силуваат муслиманка, ќе биде конечно прикажана во јавноста.

Маслото на платно е широко 153 и високо 213 см и предизвика контроверзи поради прикажување на сцени на војна во Босна.

- „Директорот ми кажа дека не сака да ја купи сликата бидејќи не сум присуствувал на силувањето,“ изјави Хаусон, пренесе Клик.ба.

На оваа слика се гледаат двајца Хрвати како силуваат муслиманка во тоалет.

 

16.12.2013 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа