Косово воведе визи за граѓаните на БиХ

 

Kако реципрочни мерки бидејќи БиХ не ги признава патните исправи на граѓаните на Косово, косовската влада одлучи да воведе визи за граѓаните на Босна и Херцеговина.

Оваа одлука Владата на Косово ја донела на една од претходните седници, во која се наведува дека граѓаните на БиХ при влез на Косово треба да имаат влезни визи.

Граѓаните, кои според одлуката на Владата на Косово треба да имаат визи за Косово, не се должни да ги набават доколку имаат шенгенски визи во биометрискиот пасош.

16.12.2013 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа