Саша Поповиќ даде коментар за бебето на Марија Шерифовиќ

 

Веста дека Марија Шерифовиќ стана мајка се уште е тема број еден во Србија и регионот, а многумина се прашуваат дали единствената српска победничка на Евровизија и член на жирито на „Ѕвезде Гранда“ ќе го напушти популарното музичко натпреварување поради мајчинството, како што најави.

Во оваа прилика се огласи Саша Поповиќ.

– Навистина се изненадив кога слушнав дека Марија има бебе. Нашиот ПР Весна Милановиќ ме извести, во тоа време бев во Опатија и мислев дека тоа е некаква лажна вест, дека е невозможно. Ја побарав Марија на видео повик и кога таа одговори, го држеше детето во раце. Мислев дека од некого го зела детето, дека е некоја измислена приказна. Меѓутоа, таа ми ја раскажа целата приказна, ми објасни се. Бев изненаден и среќен, бидејќи знам колку сакаше да има свое дете – изјави Саша и откри како поминал разговорот со новопечената мајка.

-Прво ја прашав на кој начин, од каде кај неа тоа дете… Ми го кажа тоа што веќе го кажа и во јавност, дека неколку пати се обидела да забремени, дека не успеала и дека тоа го направила со варијанта на сурогат мајка и дека се нејзини јајце клетките и дека ДНК на детето е нејзино, дека ги има сите нејзини параметри – рече тој.

Саша го опиша и моментот кога преку видео повикот го видел наследникот на семејството Шерифовиќ.

– Ја видов Верица Шерифовиќ покрај Марија кога ми се јави. Таа тогаш беше во Лос Анџелес и тоа беше околу 11 часот навечер кај нас, а кај неа беше 10 пред пладне. И гледам дека Верица му пее на малото “Очи, очи“ од Сузана (се смее). И реков, чекај, рече дека сакам машко дете, ми вели – „машко е“, јас велам “да има сини очи“, вели – „има сини очи“, велам- добро, а ќе има ли плава коса, тоа ќе видиме кога ќе порасне – се нашали Поповиќ и одговори на прашањето дали Марија ќе ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.

„Ќе ги напушти, верувам дека ќе ги напушти, нема причина за спротивното“.

21.12.2023 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега