Грција доби уште една финансиска помош од три милјарди евра
Грција денеска доби нова финансиска поддршка вредна 2,97 милијарди евра од фондовите на ЕУ, за изградба на четири автопати.
Еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан, потврди дека оваа инвестиција на Унијата, покрај останатите голем број инфраструктурни проекти во Грција, ќе помогне за економско опоравување на земјата преку поврзување на грчките региони со брзи и безбедни автопати. Според Европската комисија, оваа финансиска поддршка за Грција е во согласност со правилата за помош на ЕУ.
Инаку, овие автопати се оценети како „приоритетен проект“ за инвестиции на Еврокомисијата, што на грчките власти ќе им овозможи отворање нови работни места и развој на земјата. Се очекува за време на изградбата на автопатите да видат отворени повеќе од 6.000 работни места .
Целиот проект се очекува да заврши до крајот на 2015 година, при што по завршувањето на изградбата на автопатишата, за нивно одржување би требало да бидат вработени околу 1.700 лица
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа