Двајца загинати во ескплозијата на границата меѓу Канада и САД
Во експлозијата на мостот „Виножито“, во возилото имало двајца патници кои загинале, јавува Си-Ен-Ен. Канадските и американските власти се уште ја истражуваат причината за експлозијата.
Канадските власти одржаа прес-конференција, Доминик Лебланк, канадскиот министер за јавна безбедност рече:
„Ова е извор на загриженост за владата на Канада и за Соединетите Американски Држави, затоа ја сфаќаме оваа околност многу сериозно, но да се шпекулира за потеклото на оваа конкретна околност, кога немаме веродостојни проверени информации не е одговорно“ рече тој.
Во меѓувреме, канцеларијата на градоначалникот на Нијагарините водопади, Њујорк, Роберт Рестајн, објави соопштение во кое се вели: „Имаше инцидент со возило кое влезе во Соединетите Американски Држави. Федералните власти моментално ја истражуваат ситуацијата“.
Белата куќа е информирана и внимателно ја следи ситуацијата, јавува Си-Ен-Ен. Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така е информиран и го следи развојот на ситуацијата, додава Си-Ен-Ен.
Повеќе извори за спроведување на законот рекоа дека непосредно пред пладне по локално време, автомобил кој доаѓал од канадската страна на границата со САД експлодирал откако се упатил кон област за секундарна потрага. Автомобилот бил на мостот Канада-Њујорк и поминал низ првичниот контролен пункт каде се проверуваат документите за идентификација пред да се случи експлозијата.
Надлежните не знаат што ја предизвикало експлозијата. ФБИ, Њујоршката полиција, Царината и граничната заштита на САД се на терен и вршат увид.
Федералните власти се обидуваат да го погледнат видеото од неколку различни агли бидејќи изјавите на сведоците се разликуваат, велат изворите.
Опишувајќи го движењето на возилото вклучено во експлозијата, сведок рече:
„Со жена ми се шетавме по главната улица овде и доаѓаше автомобил кој возеше со над 160 км/ч на час. Едвај го гледавме, одеше толку брзо. Пред него имаше автомобил, го заобиколи и потоа изгледаше како да удри во оградата и почна овој пожар. А потоа наеднаш, автомобилот се крена во воздух и потоа изгледаше како огнена топка“, изјавил сведокот.
BREAKING VIDEO: Vehicle explosion and fire at the Rainbow Bridge in Niagara Falls on the US-Canada borderpic.twitter.com/o4O3R3igMF
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) November 22, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа