(Видео) 40 работници се уште заробени во урнат тунел во Индија
Од утрово, спасувачите пробиле околу една третина од урнатините на урнатиот тунел на автопатот во Индија за да стигнат до 40 работници кои се заробени веќе пет дена.
Дупчењето продрело околу 21 метар урнатини, изјави за Ројтерс претставникот за управување со катастрофи Девендра Синг Патвал.
Официјален претставник на спасувачката екипа во тунелот изјави дека затрупаните луѓе се добро. Работниците преку цевки се снабдуваат со храна, вода и кислород, а надлежните со нив се во контакт преку воки-токи.
Тунелот долг 4,5 километри се наоѓа во северната држава Утараханд и е дел од автопатот Чар Дам, еден од најамбициозните проекти на владата на индискиот премиер Нарендра Моди.
Властите не кажаа што го предизвикало уривањето на тунелот во неделата наутро, но регионот е подложен на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави.
ये है वो नम्बर वन अमेरिकन ऑगर मशीन जिसे भारतीय वायु सेना के चार माल वाहक विमानों के ज़रिए चिन्यालीसौड लाया गया और जो अब उत्तरकाशी के सिलक्यारा स्थित सुरंग में फंसे लोगो को निकालने के लिए ड्रिल करके पाइप अंदर तक ले जाने के काम में जुटी है। #UttarakhandTunnelCollapse #Uttarkashi… pic.twitter.com/nKG6oebUOe
— Ajit Singh Rathi (@AjitSinghRathi) November 16, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа