(ВИДЕО) Баба танцуваше на концерт на 50 Cent, нејзините потези го привлекоа вниманието на раперот

 

Раперот 50 Cent неодамна настапи во „Resorts World Arena“ во Бирмингем, а вниманието го привлече една баба која танцуваше на неговите песни.

На видеото се гледа како една постара жена од публиката мавта со рацете на песната „Ayo Technology“ од 2007 година.

Речиси 15.000 луѓе уживаа во неговите најголеми хитови како „In Da Club“, Candy Shop, P.I.M.P. и „Just A Lil Bit“, но една баба од публиката беше ѕвезда на неговиот настап.

-Убедливо најдобрата личност на моето шоу вечерва, таа танцуваше со мене. Второ шоу во Бирмингем, напиша раперот на објавата.

Како што дознаваат медиумите, станува збор за 64-годишната Мери Џејн Фаркухарсон, која долго време на списокот со желби имала да оди на концертот на 50 Cent. Таа на концертот била заедно со нејзиниот 38-годишен син Рос, а за медиумите изјавила дека не се чувствува старо.

За медиумите зборуваа и портпаролите на салата во која се одржа концертот, кои им порачаа на медиумите дека им се допаѓа нејзината енергија на настапот.

„Гледањето на нејзиниот ентузијазам е потврда за тоа како музиката може да ги зближи луѓето и ние сме горди што на фановите им овозможуваме незаборавни моменти како овој“, велат тие.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 50 Cent (@50cent)

16.11.2023 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега