Жената што беше видена со Пери ден пред неговата смрт: „Тој беше среќен“

 

25-годишната манекенка и поранешна мис на Калифорнија Атина Крозби тврди дека таа е „мистериозната жена“ која ручала со Метју Пери еден ден пред неговата смрт. Нивната фотографија ја објави „ТМЗ“.

„Не сакав да зборувам јавно, но сакам да кажам дека ја имав честа лично да го познавам Метју. Потресена сум од неговата смрт, но почувствував дека е лошо да се зборува за тоа јавно бидејќи фокусот не треба да биде на мене, но на него и неговото наследство. Тој е исклучително приватна личност и секогаш го почитував тоа во нашето пријателство. Но, навистина, бевме пријатели и јас бев една од последните луѓе што разговарав со него и го видов пред тој да почине“, напиша таа на Инстаграм.

„Сакам да нагласам дека Метју беше во исклучително добро расположение и со ентузијазам ми зборуваше за работите што му се случуваат во животот. Беше многу среќен и позитивен. Ве молиме воздржете се од какви било шпекулации за неговата смрт. Ве молиме знајте дека овој човек беше на враќање и дека навистина заслужил повеќе време на оваа Земја. Нашата индустрија изгуби легенда“, додаде Атина.

За потсетување, „ТМЗ“ објави фотографии од Пери со Атина кои се направени ден пред неговата смрт. Гостите кои во тој момент биле во истиот ресторан за медиумите изјавиле дека дуото седело повеќе од час и половина, а потоа заедно си заминале. Тие додадоа дека Пери главно ја игнорирала храната додека била занесена во разговорот.

Метју Пери почина минатиот викенд на 54-годишна возраст. Тој бил пронајден мртов во својот дом.

02.11.2023 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега