Терористот од Брисел е мртов, полицијата трага по уште едно лице

 


Терористот кој вчера го изврши нападот во Брисел е убиен утрово во полициска акција. Според белгиските медиуми, тој бил застрелан и ранет во кафуле, а починал во болница.

Државното обвинителство ги објави деталите за акцијата во која беше убиен терористот. Како што велат, тој мирно влегол во кафуле во Шаербек со својот калашников со кој вчера убил двајца Швеѓани. Полицијата по неколку часа успеала да го фати и со еден истрел во градите го неутрализирала.

„Има многу силни индиции дека тоа е извршителот на нападот“, се вели во соопштението. Следува анализа на отпечатоци од прсти кои дефинитивно ќе го потврдат идентитетот на убиениот.

Како што соопштија од федералното обвинителство, во моментов се трага по уште едно лице. Сè уште не е јасно каква е поврзаноста на лицето со нападот.

Синоќа две лица загинаа, а едно е рането во пукање во Брисел, потврди за печатот портпаролот на белгискиот сојузен обвинител.

Двајцата убиени вчера биле шведски навивачи. Тие ги носеа дресовите на шведската фудбалска репрезентација која синоќа играше против Белгија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. А третиот ранет е шведски државјанин, а не таксист како што беше објавено претходно. Тој е во тешка состојба во болница.

17.10.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега