Силното невреме ги „осакати“ земјоделските култури - Комисиите ќе ги утврдуваат штетите
Невремето кое се случи вчера попладне (29.08.2023 г.), помеѓу 16.10 и 17.10 часот, на територијата на Општина Прилеп и околината, проследено со силен северен ветар, интензивен пороен дожд а нa некои места и град, нанесе голема штета на земјоделсските површини и култури, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Најмногу врнежи од град со големина на лешник паднале во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.
Инаку, пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие - Подрачното одделение во Прилеп, заедно со комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа