Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови

 

Поради силниот дожд што денеска го донесе тајфунот Канун додека ги погоди јужните делови на Јапонија и областите на Јужна Кореја, откажани се сите летови, а возовите се запрени бидејќи се приближува уште една бура од исток, која му се заканува на Токио.

Невремето моментално е во морето јужно од Кјушу, главниот југозападен јапонски остров, на околу 860 километри од Токио.

Претходно ја опустоши југозападната област на Окинава.

Невремето не ја губи моќта и се движи невообичаено бавно, со брзина од околу 10 километри, што значи дека ветерот и дождот ќе се задржуваат подолго време над областа.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување за обилни дождови и силен ветер во многу делови од јужна и западна Јапонија. Поради ова, компаниите кои произведуваат автомобили, вклучително и Тојота, прекинаа дел од своето производство.

„Јужна Кореја прогласи највисоко ниво на тревога и беше принудена да откаже речиси 80 летови и да затвори бројни морски патишта“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

09.08.2023 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега