Жесток напад на Одеса трет ден по ред, одекнаа силни експлозии
Русија трета ноќ по ред го нападна јужниот пристанишен град Одеса, соопштија украинските власти. Најмалку две лица се повредени во нападите, објави за Телеграм Олех Кипер, шеф на воената администрација на регионот.
Најмалку осум руски авиони Ту-22М3 „летаа во правец на Црното Море“, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили.
„Не ја игнорирајте воздушната тревога!“, објавија на Телеграм рано утринава.
Воздухопловните сили предупредија дека руските крстосувачки ракети се „лансирани во правец на регионот Одеса“. Екипа на Си-Ен-Ен на теренот сведочи за голема експлозија и слушна звук на други експлозии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа