Макрон одлучи: Елизабет Борн ќе остане премиерка на Франција

 

Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи Елизабет Борн да остане премиерка, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на извор од кабинетот на Макрон.

За да обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи Елизабет Борн да остане на својата функција, изјави „Ројтерс“.

Од таму додаваат дека Макрон ќе го претстави својот план за следните месеци до крајот на следната недела.

Во последните недели медиумите објавија дека би можело да има реконструкција на владата по масовните немири во земјата поради полициското убиство на 17-годишниот тинејџер од алжирско потекло во предградие на Париз.

18.07.2023 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега