Хрватскиот актер Жарко Радиќ се разведува
63- годишниот актер Жарко Радиќ минатата недела се појави во Општинскиот суд во Риека поради бракоразводна парница која ја води со сопругата Снежана.
- Инаку јас не го коментирам својот приватен живот, па нема ниту сега, изјави актерот кој сопругата ја запознал во Белград каде студирал глума, а таа архитектура. Сопружниците во 1991 година од Белград се преселија во Канада каде живееја до пред 10 години.
Жарко пред 14 години сам се врати во родниот Сплит и изјави дека и натаму е со семејство иако се раздвоени. Меѓутоа 2009 година почна да се шушка дека е во врска со Естер Шимек, која го води неговиот центар за убавина, што во 2007 го отвори во Риека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа