Трендафилов: Има посериозни доближувања меѓу нашите барања и она што можат да го понудат МФ и Владата

 

Има посериозни доближувања кон нашите идеи, замисли и барања и она што Министерството за финансии и Владата можат да го понудат во поглед на нашите барања, изјави денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по средбата на работната група на Економско социјалниот совет во Министерството за финансии во врска со методологијата за покачувањето на платите во јавниот сектор и институциите.

-Се доближуваме до тоа што ние го зборуваме, 14,2 проценти, 12,55 проценти и 10,9 проценти како основа врз која ќе растат платите на вработените во јавниот сектор. Останува да видиме дали кој параметар ќе биде земен во начинот на пресметката на платите и  сите вработени во јавниот сектор од септември да добијат исто зголемување во процент на нивните плати, рече Трендафилов.

Тој додаде дека е договорено да имаат уште една средба следната недела в понеделник, а дотогаш синдикалците треба да се консултираат со нивните органи и тела и да заземат став и да одлучат дали тоа што го дискутирале денеска е прифатливо за синдикатите и јавниот сектор.

05.07.2023 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега