Српските пејачки жртви на семејно насилство

 

Српските пејачки се жртви на семејно насилство. Последно нешто што излезе во јавноста е кога пејачот Адил ја претепал својата сопруга Ана, ќерка на Џеј Ра­ма­да­нов­ски, која се породи пред два месеца.

Жртви на семејно насилство биле пејачката Вес­на Ву­ке­лиќ – Вен­ди која била тепана од своето поранешно момче, актерката Тијана Вучетиќ која е позната по улогата „Се­ло гори, ба­ба се чешла“ била тепана од сопругот додека таа била бремена и Гоца Тржан пред неколку години и било пукнато ушното тапанчле отакако нејзиниот партнер ја тепал со тупаници.

Исто така и фолкерката Маја Маријана  ко­ја би­ла див­јач­ки прете­па­на од сво­јот не­вен­чан соп­руг Мла­ден Шма­киќ, по што зав­рши­ла во бол­ница, а ка­ко што из­ја­ви­ле неј­зи­ни при­ја­тели, таа чес­то пре­жи­ву­ва­ла вак­ви на­сил­ни сцени.

Гоца Тржан проговори за семејното насилство:

-Прв­пат ко­га го нап­ра­ви тоа, не го ос­тавив, но ко­га се пов­то­ри на­сил­ството, то­гаш мо­рав да го ос­та­вам. Ме уд­ри и ми го про­би ушно­то та­панче. Не са­кам да се се­ќа­вам на тоа, но доб­ро е да се знае де­ка так­ви ра­бо­ти се слу­чу­ва­ат и не тре­ба да се мол­чи за нив – из­ја­ви­ла Гоца.

Вен­ди от­во­ре­но збо­ру­ва за го­ле­ми­те љу­бо­ви во неј­зи­ни­от жи­вот кои ја зло­у­пот­ре­бу­вале:

- Мис­лам де­ка на се­ко­ја де­вој­ка мо­же да ѝ се слу­чи да пог­ре­ши и да би­де со не­кој што ја мал­тре­тира. То­гаш имав 21 го­ди­на и се за­ба­ву­вав со мом­че што ме мал­тре­ти­раше. За среќа, не бев тол­ку прете­па­на за да имам мод­рин­ки и скрше­ници. Но, не му ос­та­нав должна, па и јас му воз­вра­тив во ис­та мера. Се­кој­пат ко­га мис­лев де­ка ќе би­де по­добро, са­мо се за­ла­жу­вав. Го са­кав, но мо­рав да го на­пуш­там – рас­ка­жа­ла Венди.

 

12.12.2013 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа