Шолц за војната во Украина: Ова може да потрае долго време

 

Лидерите на Европската Унија се собраа денеска во Брисел за да разговараат за последиците од обидот за државен удар во Русија за време на викендот.

Во изјавата за новинарите, германскиот канцелар Олаф Шолц рече: „Мораме да се подготвиме за можноста тоа да потрае долго време“.

„Важно е да се консултираме и да кажеме дека сме подготвени да издржиме долгорочно, со финансиска и хуманитарна поддршка што е потребна за Украина, но и кога станува збор за оружјето“, рече тој.

Претходно шефот на дипломатијата на ЕУ изјави дека „ослабениот Путин е поголема опасност, дека „нестабилната Русија станува ризик“.

29.06.2023 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа