Владата во Албанија ги дава бункерите под закуп

 

Владата во Албанија  одлучила под закуп да ги дава илјадниците бункери иградени за време на комунистичкиот режим, а начинот и условите дополнително ќе бидат утврдени.

Некои од бункерите на албанското крајбрежје претворени се во угостителски атракции, кафулиња, ресторани, па и соби за спиење, кои се многу посетувани од странците.

За време на владеењето на Енвер Хоџа во земјата се изградени над 750.000 бункери поради параноичен страв од странска инвазија.Доколку потрошениот материјал за нивна градба би бил употребен за изградба на патишта Албанија би имала најсовремени сообраќајници во Европа. 

12.12.2013 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа