Бил Гејтс резервирал цел ресторан со 3 Мишелин ѕвезди, готвачот збеснал поради неговата нарачка
Познатиот шпански готвач Џорди Круз, сопственик на ресторанот ABaC во Барселона, кој има три Мишелин ѕвезди, раскажа како Бил Гејтс ги оставил без зборови него и вработените.
-Пред неколку години, Бил Гејтс дојде во ресторанот. Со него дојдоа неговите 25 телохранители, придружба… Бил изнајми цел ресторан само за нив, а ние ја подготвивме најдобрата храна. И што направи? Нарача диетална кока-кола, стана и отиде со својот авион, изјави готвачот во една ТВ емисија.
На постојаното прашање на водителот за тоа што нарачал, готвачот одговори.
-Ништо, рече Круз и додаде дека поради Гејтс ги прекинал резервациите во ресторанот на два дена. Потегот на Гејтс навистина го налутил.
-Дали навистина треба да затворите цело место за да пиете кока-кола?, праша тој.
Инаку, менито за дегустација во ресторанот ABaC чини 295 евра. Гејтс е познат по годините на залагање за поодржлив систем на храна. Поддржува алтернативни брендови за месо како што се Beyond Meat, Impossible Foods и Upside Foods.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа