Во Шпанија украдени 45 шишиња вино вредни вкупно 750.000 евра
Нов извештај, претставен во пресрет на судењето за кражба на вино во ресторанот на хотелот „Атрио“ во западношпанскиот град Касерес, ја одреди вредноста на украдените 45 шишиња на 750.000 евра.
Во врска со виното што исчезна на 27 октомври 2021 година, адвокатот Рафаел Монтес направи извештај од четири страници, пренесе „Ел Паис“. Претходно, од страна на сопствениците на угостителскиот објект, готвачот Тоњо Перез и неговиот партнер Хозе Поле, штетата била проценета на 1,6 милиони евра.
- Беше многу болно, не сакаме веќе ни да размислуваме за тоа, ниту да проценуваме, изјави Перес.
Списокот со разно вино, што содржи околу 400 страници со илустрации, од фотографот Хоакин Кортес, всушност, е една од главните атракции на „Атрио“.
За судскиот случај се очекува да бидат сослушани над 20 лица, меѓу кои вработените, сопствениците на објектот, полицајци, вештаци и самите обвинети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа