Булеварот „ Партизански Одреди“ доби три нови пешачки семафори
Пуштени се три пешачки семафори на булеварот „ Партизански Одреди“ во Скопје.
Екипите ги пуштија пешачките премини кај ТЦ „Лептокарија“, кај поранешните бараки на општина Карпош и крстосницата на булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Манапо“.
Семафорите, како што соопшти денеска ЈП „Улици и патишта“, се вклучени во линиската координација, зелен бран на движење на возилата по булеварот „Партизански Одреди“.
04.12.2013 - 15:11
Фото:
журнал
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа