Дел од општина Бутел денеска без вода
Прекин во водоснабдувањето денеска од 11.40 ќе имаат дел од корисниците од улицата „Босна и Херцеговина“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради скината цевка од странка/фирма на крстосницата на улицата „Босна и Херцеговина“ со улицата „Ќемал Сејфула“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
04.11.2022 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа